Синот на Анчелоти седнува на клупата на еден од најславните европски клубови?

by Стефан
1 минути читање

По официјалната потврда дека Карло Анчелоти од следната година ќе го предводи бразилскиот национален тим, се расчистува и иднината на неговиот син и долгогодишен асистент, Давиде Анчелоти. Според шпанскиот весник „АС“, 35-годишниот италијански стратег е блиску до првиот самостоен ангажман како главен тренер.

Најсериозен кандидат за неговите услуги е шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, кој веќе започнал разговори со младиот Анчелоти. Ситуацијата внимателно ја следи и Комо, клуб во кој сè уште е активен Сеск Фабрегас, но кој би можел да остане без тренер поради зголемениот интерес за шпанскиот стратег од страна на поголемите екипи.

Пред да ја почне новата етапа во кариерата, Давиде ќе остане во стручниот штаб на својот татко за пријателските натпревари на Бразил против Еквадор и Парагвај во јуни, по што се очекува да го преземе кормилото на нов клуб. Со него ќе се пресели и неговиот долгогодишен соработник и пријател Франческо Маури, кој исто така е дел од тимот на Анчелоти.

Иако Анчелоти Јуниор добил понуда од клуб од Саудиска Арабија, моментално нема намера да ја прифати и е фокусиран на изградба на европска тренерска кариера. Доколку преговорите со Ренџерс завршат успешно, тоа ќе биде првото големо самостојно искуство за Давиде.

Фото: Real Madrid C.F/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×