Алонсо уште во јуни ќе го преземе кормилото на Реал, со него ќе одат на Светско клупско првенство

by riste
0 минути читање

Веднаш по завршувањето на сезоната, Чаби Алонсо ќе седне на тренерското столче на Реал Мадрид и ќе го почне својот најголем тренерски предизвик во кариерата.

Оваа недела се очекува да биде потврдено заминувањето на Карло Анчелоти, кој ќе го напушти Реал Мадрид по последното коло во Ла Лига, а од 1. јуни Алонсо почнува со работа.

Иако се шпекулираше дека шпанскиот стратег ќе седне на клупата по крајот на Светското клупско првенство, денешните информации велат дека токму тој ќе го води тимот на ова натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×