Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим вели дека се чувствува засрамено кога ќе види на кое место е неговиот тим на табелата во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед ќе се бори за пехар во финалето од Лига Европа, но во Англија ја игра една од најлошите сезони во историјата. Во моментов се наоѓа на 16. место на табелата со гол разлика од -11.
Зад нив е Тотнем, а потоа следуваат екипите кои веќе испаднаа.
Манчестер Јунајтед нема ниту една победа на последните седум меча во Премиер лигата, има дури пет порази и две нерешени.
„Кога ќе ја видам табелата, кога ќе видам дека Манчестер Јунајтед е 16. се чувствувам засрамено и тоа е нешто што ми е тешко да го прифатам“, вели Аморим.
„За мене најголема загриженост ми е тоа што чувството е дека тоа е океј. Најголемиот проблем на нашиот клуб е тоа што го губиме чувството дека сме масивен клуб, треба да чувствуваме дека е крај на светот кога ќе загубиме меч на Олд Трафорд“.
„Сите размислуваат за финалето, но имаме поголеми работи на кои треба да мислиме и треба да промениме многу работи на крајот од сезоната, мора да се фокусираме на тоа“.