Монца победи по ПЕТ МЕСЕЦИ и 15 натпревари во калчото!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Монца се радуваа на само третата победа во сезоната во Серија А, на гостувањето кај немотивираниот Удинезе со 1-2 (0-0).

По речиси пет месеци и дури 15 натпревари во низа на кои тимот од предградието на Милано забележа 13 порази, следуваше прво славје. Последен пат Монца триумфираше на 13 јануари дома против Фиорентина, а ова е втора гостинска победа.

Првото полувреме на „Фриули“ не донесе погодоци, а потоа на стартот на второто Капрари погоди за предност на гостите (0-1). Во продолжението Лоренцо Лука донесе израмнување за Удинезе, меѓутоа Кеита Балде беше херојот кој ја израдува публиката на веќе прежалениот гостин.

Монца оваа сезона е убедливо најслаб тим во Серија А, котира на последната позиција со 18 бода и веќе е второлигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×