Нашиот интернационалец од редовите на англискиот
Чемпионшиплигаш Лидс, 25 годишниот офанзивец Езгјан Алиоски на социјалните
мрежи објави видео од неговиот учинок против Лихтенштајн во последното коло од
квалификациите за СП Русија 2018.
Македонија славеше со 4-0 на мечот во Струмица, а
популарниот „Џани“ учествуваше во два гола на нашиот тим.
Фановите на славниот англиски клуб постојано го следат
нашиот фудбалер, па така тие имаа свои реакции на неговата објава.
Познато е дека нашиот репрезентативец во последниов
период добива критики од тамошната јавност за неговите, барем според нив,
скромни изданија во дресот на тимот од „Еланд Роуд“, а многумина сега се
надеваат дека Алиоски добрата форма од дресот на Македонија ќе ја пренесе и во
сабота на мечот против Ридинг, некои пак во него гледаат перфектно решение за
изведувач на ударите од корнер.
Извор: footballleagueworld.co.uk
Фото-вест: 24фудбал (архива, Македонија – Шпанија)