Младиот и суперталентиран 21 годишен напаѓач Максим
Максимов летово пристигна во редовите на македонскиот првак Вардар од редовите
на литвански Тракаи, кој воедно беше едно од најпријатните изненадувања во
квалификациите за Лига Европа, во третото коло беше сопрен од нашиот вицепрвак
Шкендија.
Сепак, трансферот на најдобриот стрелец во квалификациите
за Лига Европа беше оспорен од неговиот поранешен клуб. Познато е дека Максимов
во Вардар премина во последниот ден од преодниот рок, нашиот шампион тврдеше
дека сите детали се запазени за овој трансфер, а фудбалерот сам си го откупил
договорот со Тракаи за 50.000 евра, онака како што имало услов во неговиот
договор со Тракаи, при евентуална желба на фудбалерот да си замине.
По ова, Тракаи поднесе жалба до Светската фудбалска
федерација тврдејќи дека Русинот има активен договор со обата клуба, по што
неговата преселба се искомпликува, а Вардар доби допис дека нема никакви
проблеми околу регистрацијата на Максимов во клубот, на ова реагираше Тракаи.
Од литванскиот клуб очигледно не се откажуваат, а крајот
ќе покаже кој е во право и дали навистина има некои неправилности при
реализацијата на овој трансфер.
Адвокатите на Тракаи кои го водат овој случај, во изјава
за литванските медиуми тврдат дека реакцијата на ФИФА е сосема нормална за вакви случаи, но,
официјално Максимов е се уште фудбалер на Тракаи, бидејќи неговиот трансфер не
е официјализиран.
Истовремено, сосема очекувано било според, барем според
Тракаи, македонскиот првак Вардар да употреби игра на зборови во медиумскиот
простор за да и претстави на јавноста дека со трансферот немало никакви
проблеми, за тоа наводно предупредиле адвокатите на литванскиот тим, барем
според пишувањата во тамошните медиуми.
„ФИФА донесе одлука на основ на привремена регистрација
на фудбалерот. ФИФА никогаш нема да ја ограничи преселбата на фудбалерот, дури
и во случај на нарушување на договорот. Прашањето кое се поставува е дали
фудбалерот на правилен начин го прекинал договорот, а тоа се решава одвоено и
многу подоцна од привремената регистрација“ пишува „Алта“.
Еден од челниците на клубот вели дека ниту Вардар, ниту
пак Максимов не се заштитени во никој случај од консеквенции, дури и по
добивањето на привремената регистрација.
„Дури и по привремената регистрација, сето тоа не значи
дека фудбалерот и неговиот нов клуб се заштитени од можни консеквенции, ако се
земе во предвид дека овој случај се третира одделно“ вели директорот на Тракаи,
Вирмантас Лемежиш.
На крајот, на истиот медиум се наведува дека во договорот на Максимов со Тракаи со важност до 2019. година немало никакви услови заевентуална, а воедно и потенцијална разделба, а со тоа од Тракаи тврдат дека немало никакви услови за тоа Максимов да може да си го исплати договорот доколку сака да си замине, или пак откупна клаузула.
Извор: alfa.lt