Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклу за
СП Русија 2018, победа против аутсајдерот Лихнтенштајн која најавува подобри
денови за сениорскиот тим.
Меч за паметење во Струмица: Солзите радосници на Адеми, голот-првенец за Барди и Муслиу, низата на Трајковски… (ВИДЕО)
Но, многу убави моменти дојдоа од мечот кој се одигра на
стадионот „Младост“ во Струмица, гол првенец за сениорите за фантастичниот
Муслиу кој игра во животна форма, исто како и Барди, продолжување на
голгетерската форма во дресот на националниот тим за Трајковски, а многу емоции
донесе Адеми.
Голем гест на Ангеловски, Адеми влезе во игра, доби овации и возврати со погодок, го прослави со солзи воочите! (ВИДЕО)
Аријан Адеми по само два дена откако му истече
суспензијата поради падот на допинг тест, доби прилика од селекторот Ангеловски
за настап на вечерашната средба, доби овации од трибините, а возврати со
спектакуларен гол, потоа прослави со солзи во очите, неможејќи да им оддолее на
емоциите, за оваа вест пренесуваат и во Хрватска.
„Македонскиот Меси: Адеми се врати по 2 години со голчиште“ пишува во
својот наслов „24часа“.