Меч за паметење во Струмица: Солзите радосници на Адеми, голот-првенец за Барди и Муслиу, низата на Трајковски… (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со победа
од 4-0 над аутсајдерот Лихтенштајн го заврши квалификацискиот циклус за СП
Русија 2018, во мечот кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, нашите
сениори завршија како петтопласирани во групата „Г“, а општ впечаток е дека можеа
и подобро од конечниот расплет на околностите.

Нашата селекција почна офанзивно, како што се најавуваше,
Пандев биеше непрецизно во првиот обид во 2. минута, а веќе три минути подоцна
стигна нова закана кон голот на гостите, и тоа преку Барди, кој иако имаше
добра позиција, исто така не беше прецизен во обидот.

Она што е интересно од оваа ситуација е тоа што капитенот
Пандев се повлече и го отстапи местото за Алиоски и Барди, а публиката почна да
извикува „Барди, Барди…“.

И конечно, се играше 36. Минута кога Алиоски нафрли од
корнер ситуација, со глава биеше дефанзивецот Муслиу кој мошне добро се снајде
во казнениот простор на гостите и погоди за почетно водство од 1-0, а воедно
младиот фудбалер ја круниса својата одлична форма во последниот период со
гол-првенец за Македонија.

Само три минути подоцна Александар Трајковски ја продолжи
голгетерската форма за нашата селекција постигнувајќи го својот трет гол во
низа за Македонија, со што нашата селекција зголеми и на 2-0 против аутсајдерот,
а ова водство за нашата селекција остана до крајот на првите 45 минути игра.

Во второто полувреме нашата селекција тргна уште
поофанзивно во играта, а тоа донесе и нови погодоци.

Барди во 66. минута го постигна својот гол првенец во
дресот на сениорскиот национален тим на нашата земја, а тоа стигна по
асистенција на Трајковски. Барди биеше умешно при еден полуволеј, за водство од
3-0.

И, во 66. Минута многу емоции на стадионот „Младост“ во
Струмица, само пет минути откако влезе во игра, Адеми погоди и за 4-0, а тој се
врати на фудбалските терени по цели две години откако му истече суспензијата
поради пад на допинг тест.

Голем гест на селекторот Ангеловски, а при влезот на
теренот Адеми доби големи овации од трибините, возврати со фантастичен гол кој
го прослави со солзи во очите, неможејќи да им оддолее на емоциите.

За одбележување од мечот во Струмица е секако 76. минута кога
во игра влезе младиот 22 годишен фудбалер на Академија Пандев, Љупче Дориев кој
го замени Барди, а притоа го забележа дебитантскиот настап во сениорскиот тим
на Македонија.

Конечниот исход на мечот во Струмица гласеше 4-0, а
нашата селекција заврши со три победи (две против Лихтенштајн и една против
Израел), како и две ремија (против Албанија и Италија) во групата каде прва
заврши Шпанија (28), по неа следеше Италија (23), а потоа Албанија (13), како и
Израел (12). Лихтенштајн заврши без бодови.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Зајков, Муслиу, Алиоски,
Трајковски, Пандев (Адеми
63’), Хасани (Елмас 46), Ристовски, Барди (Дориев 76’)
и Несторовски.

Мечот во Струмица го судеше луксембургскиот арбитар
Лорент Коприва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани