Македонија во петок гостува кај Италија во претпоследното
квалификациско коло за пласман на СП Русија 2018, напаѓачот Илија Несторовски
се чини дека најдобро го познава противникот
тој најавува дека нашиот тим има можност да ужива во пресметката, и
додава дека целиот тим ќе го даде максимумот од себе за позитивен резултат во
Торино.
„Имаме
квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против
силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред
запишани бодовите од наптреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото
место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е
важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за
репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се
обидеме да оствариме позитивен резултат“ вели Несторовски кој е добро
познат на италијанската јавност поради своите одлични изданија во дресот на
Палермо.
Извор/Фото-вест: ffm.mk