Медиумите на Островот удрија со дрва и камења по Алиоски (ФОТО)

by
2 минути читање

Лидс забележа две гостински порази во серија, најнапред
кај Кардиф, а потоа и кај Шефилд Венсдеј. Вчерашниот висок и убедлив пораз од
3-0 значеше и нови критики за македонскиот интернационалец, 25 годишниот
офанзивец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски.

Под насловот „7 додавања во 60 минути: Ѕвездата на Лидс
јунајтед Езгјан Алиоски сопрен од Шефилд Венсдеј
“ британски „
HITC пишува за
слабото издание на популарниот „Џани“ кој во десет натпревар постигна еден гол
во Чемпионшиплигата, истиот беше прогласен за гол за месец август.

Новиот фудбалер на Лидс јунајтед, Езгјан Алиоски имаше
натпревар кој треба брзо да го заборави, против Шефилд Вендсдеј
“ додава
истиот медиум.

Она што е интересно, сите седум додавања за Алиоски беа
успешни, а имаше и два обида кон противничкиот гол, истите без успех, односно
вон рамките на голот на домаќините.

Алиоски инаку одигра 62 минути во вчерашниот пораз на
својот тим, до неговото излегување од терен Лидс губеше со 2-0.

 

Извор: hitc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани