За Македонија гостувањето кај Италија во Торино во
претпоследното квалификациско коло за пласман на Мундијалот идната година нема
никакво резултатско значење во однос за историски пласман на едно Светско
Првенство, но бодовите се од големо значење, пред се’ за билдање на
рејтингот на ФИФА кој и онака не е за пофалба, и за добар финиш на неуспешните
квалификации, ако се земе во предвид дека потоа следи и дуелот со Лихтенштајн
пред своја публика во Струмица.
Селекторот Игор Ангеловски добро знае за каков противник станува збор, но тој верува во неговите избраници.
„Знаеме
каде гостуваме, но моите фудбалери покажаа дека можат да се носат со силни
противници. Сите знаеме која е Италија, четирикратен светски првак, тактички се
одлични, впрочем, од нив потекнува и добриот тактички фудбал. Тие се мајстори.
Мора да дадеме максимум и да одиграме најдобро што знаеме“ истакна
Ангеловски.