Под насловот „Петте најдобри млади фудбалери во Ла Лига кои не се дел од Барселона и Реал Мадрид“, „Скај спортс“ го започна своето
специјализирано издание за најсилниот шпански фудбалски шампионат.
Во селекцијата се најдоа Микел Ојразабал (Реал Сосиедад),
Карлос Солер (Валенсија), Начо Видал (Валенсија), Енес Унал (Вилјареал) и
нашиот 22
годишен репрезентативец Енис Барди од Леванте.
„Енис Барди е ѕвезда, Леванте плати само 1.5 милион евра
за да го ангажира Македонецот кој игра во средината од теренот, а тој дојде од
Ујпешт. Ова може да биде најдобрата зделка на годината. Барди веќе постигна три
гола во шест натпревари за клубот од Валенсија, што го прави да се најде на
врвот од листата на фудбалери од средниот ред кои постигнале најмногу погодоци
засега во првенството“ пишува „Скај спортс“.
Она што е интересно, за што истовремено говори и
статистиката, е фактот што Енис Барди е помеѓу тројцата фудбалери во Примера
кои како играчи од средниот ред постигнале најмногу погодоци во досегашните
седум кола од Ла Лига, по 3 гола, а во друштво е на Жоакин и Караско.
Извор: skysports.com