1,7K
Реал Мадрид синоќа доживеа неочекувано тежок пораз на гостувањето кај Арсенал од 3-0, па мисијата за пласман во полуфиналето станува исклучително тешка.
Да беше друг противник можеби ќе можеше да се рече дека Арсенал е веќе во полуфиналето, но кога е во прашање Реал Мадрид, никогаш не се знае.
„Ако има некој тим кој може да се врати од три гола негатива, тоа е Реал Мадрид“, вели Луказ Васкез.
„Овој тим заслужува да се верува во него. Не сме навикнати да губиме два меча по ред. Се што треба да направиме е да работиме напорно и да веруваме во себе повеќе од било кога“.