ЛШ, полувреме: ПСЖ со капитално водство против Баерн Минхен, минимална предност за Атлетико Мадрид против Челси (ВИДЕО)

by
6 минути читање

Во дербито на вечерта, ПСЖ има солидна предност од 2-0 во
дуелот против Баерн Минхен во рамките на групата „Б“ по првите 45 минути игра
на мечот во Париз.

Домаќините погодија уште во втората минута и тоа со голот
на Дани Алвеш, а на 2-0 зголеми Едисон Кавани со својот погодок во 31. минута.

Баерн Минхен води во статистиката во првото полувреме, но
погодоците на гостите осамнаа. Во истата група Селтик води минимално на
гостувањето кај Андерлехт со погодокот на Грифитс во 38. минута.

Од останатите средби, во мини дербито на вечерта,
Атлетико Мадрид има минимално водство над Челси со 1-0 со погодокот на Гризман
од пенал во 40. минута, во мечот од групата „Ц“ каде Рома претходно славеше на
гостувањето кај Карабах со 1-2.

Манчестер јунајтед со двата гола на Лукаку и едниот на
Мартиал води со 0-3 на полувремето кај ЦСКА Москва во групата „А“, а во истата
конкуренција Базел на домашен терен води со 2-0 над Бенфика со головите на Ланг и Оберлин.

На средбите од групата „Д“, Јувентус – Олимпијакос,
односно Спортинг Лисабон – Барселона, во првото полувреме нема погодоци.

РЕЗУЛТАТИ И ПОГОДОЦИ ОД ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

 

Група „А“

ЦСКА Москва – Манчестер јунајтед 0:3 (Лукаку 4’, 27’, Мартиал 19’)

Базел – Бенфика 2:0 (Ланг 2’, Оберлин 20’)

 

Група „Б“

ПСЖ – Баерн Минхен 2:0 (Алвеш 2’, Кавани 31’)

Андерлехт – Селтик 0:1 (Грифитс 38’)

 

Група „Ц“

Карабах – Рома 1:2 (извештајот и погодоците – ТУКА)

Атлетико Мадрид – Челси 1:0 (Гризман 40’)


 

Група „Д“

Спортинг Лисабон – Барселона 0:0

Јувентус – Олимпијакос 0:0

 

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани