Гави „распали“ по критичарите: Мислат дека не знам да играм фудбал, а всушност тие немаат врска!

by bojan
1 минути читање
Гави

Младата ѕвезда на Барселона, Гави ги насмеа новинарите со својот одговор за критиките кои ги добива, фудбалерот од средниот ред исто така вели дека е задоволен од своите перформанси по тешката повреда на коленото.

Во пресрет на натпреварот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, Гави се појави на прес конференција.

Едно од прашањата беше што мисли за критиките кои ги добива, а тој без многу размислувања рече: „Многу луѓе мислат дека не знам да играм фудбал, но всушност тие немаат врска“.

Тој потоа додаде: „Оваа сезона можеби не играм голема улога, но се враќам од сериозна повреда“.

„Мислам дека сум 100% подготвен, но сосема друго е тоа дали на одредени натпревари се осеќам покомфорно или не. Но спокоен сум и задоволен од партиите кои ги прикажувам“.

„Повредата не ме промени, на теренот сум истиот од претходно и тоа е многу важно за мене. Многу играчи со повредата која јас ја заработив, не се враќаат на нивото од претходно, но јас го сторив тоа, и многу сум среќен. Знам каков е мојот менталитет, на што сум способен и тоа е најважно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×