Го платија преку 60 милиони, требаше да биде наследник на Родри, а Пеп сега вели: Не е доволно паметен…

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека Матеус Нунеш не е доволно паметен и ја нема потребната смиреност за да игра во средниот ред, па се обидува да го трансформира Португалецот во десен бек.

Летото во 2023, Манчестер Сити инвестираше преку 60 милиони евра (околу 53 милиони фунти) за ангажман на Матеус Нунеш, кој требаше да биде замена за Родри.

Но Португалецот никако да се наметне во стартниот состав, а во последните неколку месеци игра и како десен бек, и покрај тоа што не се снаоѓа на оваа позиција и често прави грешки.

По синоќешното дерби на Манчестер, Пеп Гвардиола излезе со брутална изјава и порача дека Португалецот не е доволно паметен за да игра во средниот ред.

„Мислам дека Матеус Нунеш не е за фудбалер од средниот ред, не е доволно паметен и ја нема потребната смиреност“ – вели тренерот на Манчестер Сити.

„Може да стане квалитетен десен бек поради физичките предиспозиции. Има неверојатни вештини и учи многу. Да, направи и одредени грешки, но сите бекови прават грешки, особено кога има нафрлена топка на подалечната статива и ќе бидат „фатени на спиење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани