Саутемптон доживеа историско понижување, Ливерпул рано почна да прави калкулации за титулата (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Саутемптон загуби од Тотнем и веќе нема шанси за опстанок во Премиерлигата, „светците“ доживеаја историско понижување откако станаа тимот кој најрано испаднал во втора лига.

По синоќешниот кикс на Арсенал против Евертон, почнаа да се прават математики кога Ливерпул ќе ја слави титулата, „црвените“ и понатаму се главен фаворит за трофејот во Премиерлигата, но ќе има одредена доза на неизвесност откако Фулам попладнево ги изненади „црвените“.

Момците на Слот поведоа во Лондон со прекрасниот гол од далечина на МекАлистер, но домаќините со погодоците на Сесењон, Ивоби и Муниз заминаа со 3-1 на паузата.

Во продолжението од мечот, Диаз само намали на 3-2, па на врвот остана разликата од 11 бода.

Саутемптон доживеа историско понижување откако загуби со 3-1 на гостувањето кај Тотнем и веќе нема шанси за опстанок во Премиерлигата.

На седум кола пред крајот, „светците“ станаа тимот кој најрано испаднал во втора лига, до крајот на сезоната можат да соборат уште неколку негативни рекорди.

На последниот натпревар од 15 часот во Премиерлигата, Брентфорд и Челси одиграа 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани