Тиквеш пред мечот со Шкендија му оддаде чест на Андреј Лазаров (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Тиквеш го одигра првиот натпревар пред својата публика на „Градскиот стадион“ во Кавадарци по страшната несреќа која се случи ноќта меѓу 15 и 16 март во Кочани.

Кавадарчани ја дочекаа Шкендија, а пред натпреварот заедно со публиката го поздравија трагично загинатиот Андреј Лазаров, нивни поранешен фудбалер кој беше една од жртвите. Веќе беше потврдено дека Тиквеш ќе го повлече од употреба дресот со број 16, а сега играчите пред мечот имаа врамен дрес со црна лента во чест на починатиот фудбалер.

Исто така, натпреварот меѓу Тиквеш и Шкендија запре во 16. минута и грмна громогласен аплауз од сите присутни за Андреј Лазаров.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани