Џонатан Дејвид од Лил летоска ќе ја промени средината, но неговиот трансфер нема да биде „бесплатен“, медиумите откриваат какви барања поставил напаѓачот.
Џонатан Дејвид е еден од најбараните напаѓачи во Европа со оглед на тоа што ги одработува последните месеци од договорот со Лил и летоска може да потпише за беспари како слободен играч.
Но ваквите зделки со година веќе не се „бесплатни“ и покрај тоа што нема да биде платена класична трансфер сума за обесштетување.
Како што пренесува новинарот Саша Таволиери, Џонатан Дејвид веќе поставил барања и ги кажал условите под кои ќе ја промени средината – 15 милиони евра како бонус за потпис, 10 милиони евра во форма на провизија, како и годишна плата од 9 милиони евра по сезона.
Најголем интерес за неговите услуги има на островото со клубови како Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал, Тотнем, Њукасл и Вест Хем. Во Италија неговата ситуација ја следат Јувентус и Интер, додека во Шпанија главниот интерес потекнува од Барселона и Атлетико Мадрид.