Медиумите во Турција бараат објаснување од тамошната Куќа на фудбалот за една ставка во правилникот, сите очи вперени кон Елмас

by
2 минути читање

Фенербахче се избори да добие позитивен одговор од
Светската фудбалска федерација за да добие специјална дозвола за регистрација
на нашуот 17 годишен репрезентативец, Елиф Елмас, кој ова лето се пресели во
Истанбул.

Според пишувањата на весникот „Шабах“, се вели дека
постои една ставка од правилникот на Турската фудбалска федерација во однос на
регистрацијата на фудбалери, за која од тамошната јавност се бара добро да се
интерпретира.

Фудбалери можат да бидат регистриарни само во перидот за
трансфери и регистрација утврден од Фудбалската федерација на Турција. Доколку
за интернационални трансфери се чека и потврда од Интернационалниот трансфер
сертификат, фудбалерите можат да бидат регистрирани и надвор од периот за
трансфери и регистрација
“, ова е
членот 13, став 1 од кој медиумите во Турција бараат образложение за
интерпретација од тамошната Куќа на фудбалот, поради нејаснотии во значењето.

Она што е исто така важно да се напомене, е фактот што
ФИФА ја прифати апликацијата на Фенербахче со одолговлекување од цели девет денови,
но од Турција најавуваат и покрај тоа што тимот од Истанбул е во исчекување на
реакцијата на тамошната фудбалска федерација, сепак ќе има можност на списокот
на фудбалери во кои може да вметне 14 странци, сепак да го додаде и нашиот
фудбалер, но некој ќе треба да биде „пречкртан“ од странците, а како опција
подолг период се наведуваше искусниот Холанѓанец Робин Ван Перси.

 

Извор: skor.sozcu.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани