Леванте по четири кола во шпанската Примера е се уште
непоразен, има една победа и дури три ремија, едно од тие е забележано на
гостувањето кај бранителот на титулата, Реал Мадрид.
Тамошните медиуми и натаму во фокусот на вниманието на
тимот од Валенсија го ставаат нашиот 22 годишен репрезентативец, Енис Барди кој
ова лето премина во шпанскиот прволигаш од унгарски Ујпешт за сума од 1.5
милиони евра, а веќе на големо ги оправдува средствата вложени во него.
Мошне влијателниот медиум во таа земја, Марка издвои
неколкумина фудбалери кои веќе почнале да се истакнуваат како продуктивни
трансфер засилувања за шпанските екипи ова лето, меѓу нив се најде и нашиот
Барди кој во три натпревари успеа да постигне два гола до овој момент за својот
нов тим.
Извор/Фото: marca.com