Ристовски ги освои и насловните страници на спортските весници во Португалија (ФОТО)

by
1 минути читање

Синоќа Ристовски конечно доби шанса да стартува на еден натпревар за Спортинг Лисабон и веднаш импресионираше, Македонецот одигра одлични 90 минути и го сврте вниманието на себе.

Фановите на Спортинг на социјалните мрежи ја величеа играта на Ристовски, огромен дел од нив сметаа дека тој е подобар од Пичини и треба да биде регуларен првотимец.

Тренерот, Жорж Жесус изјави дека е задоволен од играта на Ристовски, потврди дека македонскиот фудбалер одлично се прилагодува и станува сериозна опција.

Стефан Ристовски ги освои и португалските медиуми, па така нашиот играч се најде на насловната страница на еден од најголемите спортски весници во Португалија, „У Жогу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани