Удар за Англија, најдобриот играч на Челси отпадна за стартот на квалификациите за СП

by 24 фудбал
0 минути читање

Репрезентацијата на Англија на стартот на квалификациите за Светското првенство ќе тргне без една важна алка.

Селекторот Томас Тухел на своите први натпревари на клупата нема да може да смета на Кол Палмер. Ѕвездата на Челси го напушти кампот на репрезентацијата поради повреда на мускулите која ја доби на последниот клупски тренинг.

Поради истата повреда Палмер не играше за Челси во дербито со Арсенал, а иако постоеше оптимизам дека ќе се врати навреме за настапите на Англија, на крајот одлуката е да не се ризикува.

Англичаните в петок ќе ја дочекаат Албанија, а потоа в понеделник гостуваат кај Летонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×