828
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа ситуациите и донесе одлуки за казни.
Со по еден натпревар суспензија се казнети Илија Донов од Силекс и тренерот на овој тим Александар Васоски, што е многу подобро отколку најавениот еден месец. Исто така по еден меч ќе паузираат Бесмир Даци од Шкупи и Костадин Чешмеџиев од Башкими.
Два натпревари суспензија добија Мартин Ѓоргиевски од Брера, како и тренерите од ВМФЛ Блаже Јанакиевски на Башкими и Љупчо Симовски од Осового.
Спроведена е постапка кон Вардар поради однесувањето на навивачите и фрлањето на пиротехника во терен на мечот со Силекс во Кратово. Слична постапка ќе се води и против Башкими за мечот со Охрид.