Вардар влезе како огромен фаворит во дуелот со Скопје, но македонскиот шампион не успеа да го освои целиот плен.
Вардарци добро го почнаа натпреварот, во 27. минута преку Фелипе поведоа со 1-0.
Но само осум минути подоцна, недоразбирање помеѓу Гачевски и одбраната на Вардар, топката дојде до Џугурдиќ кој ја смести во мрежата на противникот за 1-1.
По шест минути игра во второто полувреме Вардар остана со играч помалку откако Грнчаров заработи црвен картон за старт на еден противнички играч кој што излегуваше сам пред Гачевски.
До крајот Вардар и со играч помалку се обидуваше да дојде до победа, но не успеа, натпреварот заврши 1-1.
Киксот на Вардар го искористи Шкендија која со убедливи 6-2 победи на гостувањето кај Работнички.
Работата за Шкендија беше олеснета уште во седмата минута кога Дурански заработи црвен картон поради игра со рака на самата гол линија.
Пеналот го реализираше Хасани, а осум минути подоцна Илиев си постигна автогол за водство од 2-0. Во 34. Тодоровски зголеми и на 3-0.
Работнички со голови на Кире Маркоски и Џефри успеа да се врати во игра намалувајќи на 3-2, но во продолжението Шкендија преку Алими, Хасани и Шефити постигна уште три гола за конечни 6-2.
Шкупи со 1-0 го победи Силекс во Кратово, немаше победник на дуелот помеѓу Победа и Академија Пандев кој заврши 2-2.