Панчев: Целта на државата е да им помага на клубовите, а не да ги брка од стадионите

by
1 минути читање

На два дена пред натпреварот помеѓу Вардар и Зенит, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ излезе со нов ценовник за користење на Арената „Филип Втори“ според кој македонскиот шампион плати околу 40.000 евра за вчерашниот меч.

„Целта на државата, на градот и на сите институции е да ги помага спортските клубови, а не да ги брка од стадионот. Со ваков потег се бркаат клубовите. Денес е Вардар, утре може да биде некој друг македонски клуб. Претпоставувам дека да се закупи и некој поголем светски стадион за ваков меч, не чини толку. Не ни е јасно, зошто тие го направија тоа. Јас како поранешен спортист можам да кажам дека така не се помагаат и стимулираат клубовите. Се надевам дека ќе ја сфатат грешката и дека ќе застанат зад нас“, изјави Панчев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×