25 годишниот македонски интернационалец од редовите на
Лидс, офанзивецот Езгјан Алиоски, денеска ја доби наградата за „Најдобар гол за
месец август во Чемпионшиплигата“, инаку против Нотингем Форест, на гостувањето
каде Лидс славеше со 0-2, а токму погодокот на Македонецот ја запечати победата
на гостите.
Фото: Leeds United (Twitter)
„Чест ми е што ја добивам оваа награда, посебно поради
фактот што истата е во првиот месец во англискиот фудбал за мене. Како и да е,
ние сме тим, потребно ни е што е можно повеќе голови оваа сезона за тимот да ги
оствари своите амбиции. Се надевам дека ќе имам многу погодоци во дресот на
Лидс, но овој гол и оваа награда за мене се навистина посебни…“ издвои
Алиоски во изјавата за тамошниот локален медиум „Јоркшир Пост“.