Македонскиот
шампион Вардар вечерва со почеток од 21,05 часот на домашен терен го пречекува
руски Зенит, во првото коло од групата „Л“ каде уште играат и Реал Сосиедад и
Розенборг.
Италијански „Тутомеркато“
направи најава за вечерашната пресметка во Скопје, а секако, најмногу поради
фактот што гостинскиот тим на клупата го има нивниот сонародник, Роберто
Манчини.
Според
очекувањата, се вели дека стратегот од клупата на македонскиот претставник,
Чеде Јаневски ќе се реши да игра во формациска поставеност од 4-2-3-1, онаа
вообичаената која по се’ се
чини дека нема да се промени ниту вечерва.
Сепак, останува
отворено прашањето колку италијанскиот медиум го анализирал нашиот претставник,
ако се земе во предвид дека во почетните единаесеттмина се најдоа Глишиќ и
Итало, првиот се чини дека се уште не е подготвен за големи натпревари откако
се рехабилитираше од големата повреда, додека пак вториот, 29 годишниот
Бразилец се наведува дека ќе стартува во нападот на нашиот тим, но тој на двата
меча со Фенербахче во плејофот беше на клупата за резервни фудбалери, и не доби
можност од Јаневски.
Вардар: Гачевски, Брдаровски, Велковски, Глишиќ,
Исени, Глигоров, Блажевски, Фелипе, Барсегјан и Итало.
На спротивната
страна пак, Манчини очекувањата се да игра со неговата добро препознатлива
формациска поставеност од 4-4-2, а на терен ќе искочи со следнава почетна
постава: Кержаков, Смолников,
Мамана, Ивановиќ, Кришито, Кузјаев, Краневитер, Јерохин, Ригони, Дриуши и
Кокорин.
Извор: tuttomercatoweb.com
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал, архива,
Вардар – Фенербахче)