77
Легендите на Вардар се враќаат во клубот, по Дарко Панчев кој беше назначен за спортски директор, пристигна Чеде Јаневски во улога на тренер, а утре Илија Најдоски ќе биде промовиран во технички директор.
Илија Најдоски исто како и Дарко Панчев и Чеде Јаневски е дел од славната генерација на клубот кој стана шампион на Југославија во 1987.
Во изминатите недели Најдоски постојано можеше да се види на тренинзите на Вардар, заедно со другите членови на раководството на тимот.
На утрешната прес конференција покрај промоцијата на Најдоски, Вардар ќе излезе и со реакција по повод новите цени за користење на Арената „Филип Втори“.