Фудбалерите на Јувентус се радуваа во последниот натпревар од 27. коло на Серија А, на својот „Алијанц Стадион“ во Торино против Верона со 2-0 (0-0).
Првото полувреме понуди доминација на домашните, ама не успеваше „старата дама“ да го скрши гостинскиот отпор. Пред паузата Суслов постигна вистински еврогол од околу 30 метри, ама истиот беше поништен со помош на ВАР реакција.
Се мачеше Јувентус да го скрши отпорот и конечно успеа во 73. минута со голот на Кефрен Турам. Потоа во завршницата меѓу стрелците се запиша и Теун Копмајнерс за конечни 2-0.
За Јуве ова беше петта победа во низа во Серија А и добар чекор во борбата за Лигата на шампионите.