ПМФЛ 21. коло: Ѓорѓиоски дебитира на клупата на шампионот во Кратово

by 24 фудбал
0 минути читање

Денес на програмата се натпреварите од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Вчера се одигра натпреварот меѓу Вардар и Беса кој заврши без голови, а денес се играат останатите пет средби. Доста интересно се очекува да биде во Кратово каде што Силекс е домаќин на Струга која доаѓа со новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски. Исто така во Скопје се игра дуел меѓу Гостивар и Работнички во борба за важни бодови.

Натпревари од 21. коло на ПМФЛ:

  • Гостивар – Работнички
  • Силекс – Струга
  • Шкендија – Тиквеш
  • Шкупи – Пелистер
  • Воска Спорт – Брера

Сите пет средби се играат од 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×