Вардар доминираше, ама Беса одбрани бод во Скопје!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар и Беса одиграа натпревар без голови (0-0) на „Градски“ во првиот натпревар од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Уште од стартот госитте дојдоа да се бранат во Скопје и на крајот успеаја во својата намера. Од друга страна, вардарци притискаа и се обидуваа да дојдат до гол во текот на целиот меч.

Добро одиграа момците на Гоце Седлоски, ама гостинската дефанзива беше добро поставена и сконцентрирана. Најголемата закана во првиот дел ја имаше Горан Закариќ со удар директно од корнер, но Захов спаси.

Во продолжението како што течеше времето Вардар се повеќе притискаше. На крајот шанси не користеа Закариќ, Донгмо, Тодоровски, Дианеси… Беса успеа во намерата и одбрани голем бод против скопјани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани