Комо го победи Наполи, Интер остана на врвот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Комо на Сеск Фабрегас направи уште еден голем резултат, овојпат го победи Наполи со 2-1, а тоа го остави Интер на врвот во Серија А.

Натпреварот беше отворен уште во седмата минута кога Рахмани си постигна неверојатен автогол за водство на Комо од 1-0.

Десет минути подоцна Наполи успеа да го изедначи резултатот, Распадори даде гол за израмнување на 1-1.

Ремито беше актуелно до 77. минута кога Диао постигна гол за предност на Комо од 2-1 што беше и конечен резултат.

По 26 одиграни кола, Интер е прв со 57 бодови, Наполи има бод помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×