Интер со 1-0 ја совлада Џенова и ќе преноќи на врвот на табелата во Серија А, Лаутаро Мартинез беше херојот на „нероаѕурите“ и донесе три бода.
Интер со минимални 1-0 ја доби пресметката против Џенова и стигна до три бода со кои привремено се најде на првото место во Серија А.
Моментот на одлука се случи во 78. минута, по еден корнер на Чалханоглу, Лаутаро Мартинез биеше со глава, топката закачи еден од гостинските играчи и заврши во мрежата за огромна радост на „Меаца“.
Со овој гол, Аргентинецот испиша историја и стана првиот странец во „црно-синиот“ дрес кој постигнал 10 или повеќе погодоци во шест различни сезони.