Челси во моментов е на шестото место со еден бод помалку од четвртиот Манчестер Сити, Сините водат голема борба за местата кои носат во Лигата на шампионите.
Тренерот на Челси, Мареска вели дека амбициите за оваа сезона се место меѓу најдобрите четири.
„Многу пати рековме дека нашата цел е топ четири. Ставив јасно дознаење од првиот ден дека не сум тука за да преживуваме. Тука сум да го однесам клубот во борба за титули“, вели Мареска.
„Кога победуваме, мора да бидеме скромни. Кога губиме изгледаме како да ни недостасува амбиција. Сакам да го одведам овој клуб таму каде што треба да биде“.
„Со навивачите зад нас можеме да ја постигнеме нашата цел. Кога можете да ги слушнете фановите како ви даваат поддршка, убаво е чувството. Победивме на нашите последни два натпревари на домашен терен и со нашите навивачи, особено против Вест Хем, тие ни помогнаа“.
Челси во сабота од 18:30 часот има тешко гостување кај Астон Вила.