Дибала ја однесе Рома во осминафинале (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Рома со 3-1 го победи Порто во реваншот и со вкупни 4-2 оди во осиминафиналето од Лига Европа, два погодоци даде Пауло Дибала.

Порто го отвори резултатот на Олимпико, Саму постигна фантастичен погодок во 27. минута за водство од 1-0.

Но предноста на португалскиот тим не траеше долго, во 35. минута Дибала изедначи на 1-1, а четири минути подоцна Аргентинецот даде уште еден гол за комплетен пресврт и водство од 2-1.

По шест минути игра Еустакио доби црвен картон, Порто остана со играч помалку.

Точка на мечот стави Писили кој постигна гол во 83. минута за конечни 3-1.

ФКСБ го победи ПАОК со 2-0 и со вкупни 4-1 оди понатаму.

Галатасарај и АЗ Алкмар одиграа нерешено, 2-2. Холандскиот тим во првиот меч победи со 4-1, па тие одат понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×