Баерн Минхен денеска соопшти дека Џамал Мусиала ставил потпис на нов договор и се обврзал до 2030 година, медиумите открија детали од соработката.
„Баварците“ завршија голема работа и ја осигураа иднината на својата најголема ѕвезда, младиот Џамал Мусиала.
Попладнево клубот од Алианц Арена соопшти дека фудбалерот ставил потпис на нов договор и се обврзал до 2030 година.
„Многу сум среќен, Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Тука ги направив првите чекори како професионален фудбалер и верувам дека можеме да забележиме големи успеси во иднина“ – вели Џамал Мусиала.
Како што пренесуваат медиумите, Џамал Мусиала ќе има годишна плата од околу 25 милиони евра по сезона и ќе биде на исто ниво како Хари Кејн.
Во неговиот договор исто така ќе има и откупна клаузула која ќе биде поставена на 175 милиони евра.