Канаваро: Ако Ристовски не ми подадеше рака – ќе го убиев!

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб славеше со 3-0 против Шибеник во 21. коло на ХНЛ. Интересна ситуација се случила за време на замената на Стефан Ристовски во вториот дел.

Македонскиот бек беше капитен и беше видно незадоволен кога Фабио Канаваро реши да го замени. Јавноста во Хрватска веруваше дека Ристовски одбил да се поздрави со својот тренер, па Италијанецот доби прашање баш на таа тема и откри.

Стефан Ристовски ми подаде рака кога го заменив. Да не ми подадеше ќе го убиев. Сепак, тој го скрши шишето во нервоза и ќе мора да го плати. Ристовски е голем професионалец и имаме добар однос. Сакам играчите да се незадоволни кога ќе ги заменам, тоа е позитивно“, прокоментира Канаваро.

Стефан Ристовски е еден од најстандардните во тимот на Динамо, а против Шибеник повторно ја носеше и капитенската лента.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×