534
Oд редовите на ЖФК Љуботен преку клупските мрежи информираа дека се засилуваат со Црногорката Тања Маласиа.
Во редовите на Љуботен Маласиа пристигнува од Динамо Москва и таа е актуелна репрезентативка на Црна Гора. Од редовите на Љуботен најавуваат дека ќе биде вистински столб на одбраната.
Се очекува таа да биде големо засилување и да помогне во амбициите на Љуботен кој се наоѓа на третото место на табелата со 31 бод и натпревар помалку од првопласираната Тиверија Струмица која има 37 бода, додека на втората позиција е ЖФК Каменица Саса со 33 освоени бодови.