Јунајтед продолжува да руши негативни рекорди, Аморим откри каков совет добил од Фергусон

by bojan
1 минути читање
Аморим

Манчестер јунајтед испиша нова негативна историја откако синоќа дома загуби од Брајтон, Рубен Аморим откри каков совет добил од Сер Алекс Фергусон.

„Ѓаволите“ никако да врзат добри партии во континуитет, по победата над Сутемптон, вчера изгубија на Олд Трафорд од Брајтон.

За Манчестер јунајтед ова беше поразот број 6 на домашен терен во Премиерлигата од првите 12 домашни натпревари, најмногу по далечната 1893/94.

Ова беше и поразот број 10 оваа сезона во Премиерлигата (по само 22. кола), што значи дека најбрзо стигнале до двоцифрена бројка по сезоната 1989/90.

И додека Рубен Аморим порача дека ова веројатно е најлошиот тим на Манчестер јунајтед, Португалецот откри каков совет добил од Сер Алекс Фергусон.

„Остани позитивен, тоа ми го кажа Фергусон“ – вели Португалецот, кој е под огромен притисок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани