Јапонецот Канда од Шкупи се пресели во Беса

by riste
1 минути читање

Само неколку дена откако го напушти Шкупи, Јумеми Канда стави потпис на договор со Беса.

30-годишниот Јапонец во август пристигна во Македонија, за Шкупи одигра 17 натпревари, постигна три гола и имаше една асистенција.

Тој замина од Шкупи, но најде друг клуб во македонското првенство. Во вториот дел од сезоната ќе игра за Беса.

„Со задоволство можеме да соопштиме дека постигнавме договор со јапонскиот фудбалер од средниот ред, Јумеми Канда. Му посакуваме среќа и добредојде во нашата фамилија“, стои во соопштението на Беса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани