808
Работнички ги започна подготовките за втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот Горан Станиќ ги собра своите избраници на теренот во Градскиот парк на Скопје. На снежни услови започнаа подготовките на еден од водечките тимови во лигата.
Во Работнички оваа зима пристигнаа Миле Тодоров и Матеј Ангелов, како засилувања за втората полусезона.
По првата половина на шампионатот Работнички беше израмнет бодовно со Шкендија и Силекс.