Засилувањата на Вардар едногласни: Прва цел е опстанок, а втора успех во Купот и налето излез во Европа!

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар организираше брифинг за новинарите, а во тренинг базата во Хиподром пред јавноста зборуваа неколкумина новајлии.

Голманот Давор Талески кој пристигна од Шкендија најавува борба во втората полусезона, но и напад за трофејот во Купот.

Очекувањата во Вардар секогаш се највисоки. Моменталната ситуација не му доликува на клуб со вакво реноме. Сакаме да го освоиме Купот за да играме европски натпревари налето, меѓутоа секако дека цел е и опстанокот во лигата. Посакуваме втората полусезона да ја отвориме позитивно. Секој натпревар за нас ќе биде важен. Првиот натпревар на кој можам да бранам е против поранешниот клуб. Секогаш најважни ќе бидат бодовите, без разлика дали се игра против Шкендија, Струга или друг ривал“, изјави Талески.

Освен него, со своите голови за подобро утре на Вардар сака да придонесе и новајлијата во нападот Едиз Спахиу.

Треба да го спасиме Вардар, а сакаме да го освоиме и Купот. Еднаш како фудбалер испаднав од лига, па не сакам оа да се повтори. Првпат во кариерата ќе соработувам со Седлоски. За него сметам дека е еден од најдобрите македонски тренери. Едвај го чекаме почетокот, се надевам на голови со кои ќе го спасиме Вардар“, изјави Спахиу.

Од редовите на градскиот ривал Шкупи пристигна Микал Пинтер.

Знам дека доаѓам од редовите на голем ривал, меѓутоа јас сум сега тука за Вардар. Постои разлика од македонската и словачката лига, како во играта така и во инфраструктурата. Нашата прва цел оваа полусезона е да опстанеме во лигата, додека втората е трофејот во Купот и пласман во Европа. Имаме нов тим, но и време да се воиграме и да победуваме. Тоа е нашата цел за секој натпревар“, изјави Пинтер.

Вардар ќе тренира во Скопје, а потоа ќе замине во Анталија на вториот дел од подготовките каде што ќе одигра и пријателски натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани