437
Репрезентативецот Агон Елези кариерата ја продолжи во тимот на Горица од хрватската ХНЛ.
Во редовите на Горица, Елези пристигнува како позајмен фудбалер од Бохум каде што немаше голем успех.
Пред да се пресели во Германија, Елези три ипол години го носеше дресот на Вараждин.
Низ кариерата Елези кој има 23 години беше дел уште од Шкупи, Велазерими и Скендербеу од Албанија.