664
Oд редовите на Шкупи информираа дека се засилуваат со турскиот чувар на мрежата Јавус Ајгун.
Станува збор за голман кој има 28 години и кој во редовите на клубот од Чаир пристигнува од Коњаспор, а бранел и за уште неколку турски клубови.
Дебито во најсилното турско првенство Ајгун го имал во 2016 година на голот на Трабзонспор, а потоа бил дел уште од Гезтепе, Ордуспор, Болуспор, Карагумрук и Испарта.
Договорот кој го потпиша со Шкупи е со важност од две години.