570
Англискиот премиерлигаш Евертон се реши за тренерска смена и му врачи отказ на Шон Дајч.
„Карамелите“ непосредно пред натпреварот од ФА Купот против Питерборо останаа без тренер откако официјално објавија разделба со него.
„Фудбалскиот клуб Евертон може да потврди дека Шон Дајч беше ослободен од клупските обврски како тренер на првиот тим. Заедно со него заминуваат и асистентите“, напишаа од Евертон.
Привремено тимот ќе го водат легендите Лејтон Бејнс кој е тренер на младинскиот тим, како и капитенот Шејмус Колман. Евертон во следните денови ќе се обиде што побргу да го реши проблемот и да доведе нов тренер.
Инаку, Евертон вечерва во 20:45 часот го дочекува Питерборо.