Медиумите од Шпанија откриваат детали од разговор помеѓу Столе Димитриевски и Винисиус Жуниор, и како Македонецот го провоцирал Бразилецот кога Реал Мадрид доби пенал на мечот против Валенсија.
На пресметката помеѓу Валенсија и Реал Мадрид на почетокот од годинава, Столе Димитриевски го испровоцира Винисиус Жуниор, напаѓачот наседна и го удри голманот, па му беше покажан црвен картон.
Во емисијата „Ел Чирингито“ сега беше објавено дека психолошката војна помеѓу двајцата траела цел меч и беа објавени детали од разговорот помеѓу Столе Димитриевски и Винисиус Жуниор кога „кралевите“ добија пенал на стартот од вториот дел.
❌ "NO TE ATREVES A TIRAR".
🗣️ Dimitrievski, a Vinicius, antes del penalti lanzado por Bellingham.
🚨 EXCLUSIVA de @MarcosdVicente. pic.twitter.com/kJdBv8TuDx
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 8, 2025
Кога Винисиус Жуниор ја земал топката во раце, Столе Димитриевски прашал, „Кој ќе шутира?“ а потоа му порачал на Бразилецот, „Шутирај ти“.
Напаѓачот на Реал Мадрид одговорил само со насмевка, а нашиот голман на крајот му кажал: „Немаш храброст да шутираш“.
На крајот, Џуд Белингем превзеде одговорност, Англичанецот сепак не успеа да ја затресе мрежата, биеше во стативата.