684
Беса го претстави првото засилување за вториот дел од сезоната, станува збор за напаѓачот Шефит Шефити.
Клубот од Добри Дол во изминатиот период го назначи Бобан Бабунски за нов тренер, а ги раскина договорите со неколку фудбалери. Денеска тие го промовираа и првото засилување во зимскиот преоден рок.
Се работи за Шефит Шефити кој игра во офанзивната линија.
„Со задоволство може да соопштиме дека Шефит Шефити е нов напаѓач на нашиот тим. По искуството во и надвор од нашата земја во екипи како Шкендија, Ренова, Приштина и недоамна Арсими, Шефити носи голем потенцијал и ќе биде важен адут за нашата игра оваа сезона. Му посакуваме здравје и успех“, се вели во соопштението на Беса.