Кошмарна седмица за Јунајтед: „Олд Трафорд“ протекува, храната е на ниско ниво – а има и глувци!

by 24 фудбал
1 минути читање

Проблемите на Манчестер Јунајтед немаат крај, па во само една седмица се покажаа неколку големи пропусти поврзани со „Олд Трафорд“.

По натпревар на Јунајтед на прес-конференцијата на тренерот Рубен Аморим во салата почна да протекува вода. Тоа не е првпат да се случува на култниот стадион, бидејќи во повеќе наврати протекуваше и кровот на трибините. Објектот е дотраен, меѓутоа во моментов единствена можност за клубот да игра. Семејството Глејзер со години е мета на критики поради слабото вложување во инфраструктурата, па така проблематичен е и тренинг центарот.

Освен тоа, храната која се служи на играчите, персоналот па и сите гости е оценета со 2/5 од страна на стручњаци за хигиена на храна.

Кулминација на седмицата беше фактот дека при рутинска инспекција во простории на „Олд Трафорд“ бил пронајден измет од глувци. Тоа значи дека на стадионот си живеат и глувци, што е уште еден доказ за лошо одржување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани