Екипата на Вардар се пофали со уште едно засилување за зимскиот преоден рок, откако потпиша со Мите Цикарски.
31-годишниот лев бек се враќа во клубот каде што ја почна професионалната кариера и по 10 години пак ќе го облече црвено-црниот дрес. Цикарски доаѓа во Вардар од Македонија Ѓорче Петров чиј член беше во есенската полусезона.
„Знам што значи да се носи дресот на Вардар, знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав. Очекувањата за новата полусезона се високи. Знаеме каде припаѓа клуб каков што е Вардар. Се надевам на успешни настапи и да го вратиме Вардар каде што му е местото – во врвот на мак-фудбалот“, изјави Цикарски по потписот.
Во кариерата Цикарски има настапи и за Брера и Работнички во Македонија, а во странство настапуваше за бугарски Потев, романски Газ Метан, грчка ПАС Џианина и Етникос на Кипар.